До неделата, 31 март, по двонеделното гласање, со вкупно 12.875 гласови во 3 категории, беше покажан зголемен интерес и поголема препознатливост на самиот избор, порачуваат организаторите.
Златно тркало, односно најпосакуваниот автомобил во Македонија, го гласаат македонските граѓани кои имаат пристап до интернет. Се гласа на сајтот на Златно тркало по категории, за по еден фаворит. Во конкуренцијата влегуваат нови автомобили претставени на нашиот пазар во последните 12 години.
Организатори на изборот се порталите Авто плус, Карклуб и Карсбајвик и јутјуб каналот Рпм.мк. Креатор на изборот е најстариот македонски автомобилски медиум Авто плус.
Победници се:
Главната награда, или најпосакуван автомобил во Македонија е пежо 408
Најпосакуван премиум автомобил во Македонија е алфа ромео тонале
Најпосакуван семеен автомобил во Македонија е тојота корола крос.