Володимир Зеленски на својот канал Телеграм објави дека „никој не може да се чувствува безбедно“ додека Русија не биде поразена и додаде дека војната мора да заврши со „нов Нирнберг“, мислејќи на судењето на нацистичките лидери по крајот на Втората светска војна.
„Секоја манифестација на руски терор, секој ден на агресија, се дополнителен аргумент за тврдењето дека сето ова мора да заврши со трибунал – нов Нирнберг против рушизмот“, изјави украинскиот претседател Зеленски.
„Тоа мора да биде судење на оние што уништуваат животи и луѓе, кои фрлаат ракети на музеи и наведувани бомби врз цркви. Русија мора да загуби. Светот не може да има никаква друга цел“, најави Зеленски.