вторник, 6 мај 2025

Зеленски инсистира на построги санкции против Русија и моли за повеќе муниција

Објавено на

часот

Сподели

Украинската армија објави дека во моментов се водат „најжестоките“ борби околу градовите Бахмут и Марјинка во регионот на Доњецк.

Локалните власти во Харков изјавија дека цивилната инфраструктура во североисточниот дел од градот гори откако најмалку пет руски проектили ги погодија градот и регионот во текот на ноќта.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека нејзините сили постигнале напредок во Бахмут, окупирајќи три блока во градот со предвоено население од повеќе од 70.000 жители, кој беше уништен од повеќемесечната руска офанзива.

Радио Слободна Европа наведува дека не може самостојно да ги потврди тврдењата на ниту една страна на бојното поле во областите на најжестоки борби.

Зеленски во своето редовно видео појавување доцна синоќа рече дека дополнителниот „пакет санкции се разработува во детали“.

Тој додаде дека координирањето на тие трговски и други напори за казнување на Русија „е една од клучните заеднички задачи за сите нас, апсолутно за секој што бара побрз крај на војната, побрза победа за нас и да ја отстраниме можноста Русија да ги заобиколи санкциите“.

Европската унија моментално работи на својот 11-ти пакет економски и дипломатски санкции против Русија. Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, рече дека претстојните санкции првенствено ќе имаат за цел да го спречат заобиколувањето на постоечките ограничувања за Русија.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека „главните напори на Русија се фокусирани“ на офанзивните операции во областите Бахмут, Марјинка и Авдијивка.

Од штабот е соопштено дека одбиле 58 напади во изминатиот ден и предупредиле на можност од ракетни и воздушни напади низ целата земја.

Исто така, се вели дека руските „одбранбени операции“ продолжуваат понатаму на југ во и околу Запорожје, каде што се наоѓа окупираната нуклеарна централа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ