понеделник, 8 декември 2025

За мароканска Сахара позицијата на САД останува непроменета

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Стејт департментот на САД, Метју Милер, појасни дека Соединетите Држави „продолжуваат да го сметаат планот за автономија во Сахара за сериозен, веродостоен и реален“ со цел да се стави крај на измислениот конфликт околу регионот.

Одговарајќи на прашање за неодамнешната посета на Тиндуф во Алжир од страна на американската амбасадорка Елизабет Мур Обин, Метју појасни дека тоа е дел од посетата организирана од Обединетите нации, при што биле собрани голем број меѓународни донатори, акцентирајќи дека САД е најголемиот придонесувач во хуманитарните напори ширум светот.

Американскиот функционер нагласи дека „за време на оваа посета немало билатерални разговори со Полисарио“. Оваа јасна изјава е во спротивност со наводите изнесени од одредени медиуми кои известија за наводни средби меѓу американскиот амбасадор и лидерите на сепаратистичкиот ентитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ