„Тој вчера имаше самит во Вилнус, очекувам да се видиме во следните денови“, кажа Вучиќ.
Наведе дека барањето за средба со Столтенберг го испратил вчера.
Вучиќ наведе дека неговото прашање е како Соединетите Американски Држави воведуваат санкции против директорот на српската Безбедносно информативна агенција (БИА) Александар Вулин, а нема санкции против министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља.
„Ги нема и нема да ги има, се знае какви рамнотежа и баланс мора да се прават“, заклучи Вучиќ.






