понеделник, 29 декември 2025

Вториот самит Русија-Африка ограничен на африкански држави признати од ОН

Објавено на

часот

Сподели

Откако ги исклучија сецесионистите од првиот самит Русија-Африка во 2019 година, руските власти, и покрај заложбите на алжирскиот режим, не ја поканија сепаратистичката група поддржана од Алжир на вториот самит. Москва зазема цврст став, инсистирајќи на тоа дека само суверените африкански држави признати од Обединетите нации смеат да учествуваат.

Одлуката на Русија доаѓа неколку дена по посетата на алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун во Москва и неговата средба со Владимир Путин. За време на ова патување, Тебун го опсипуваше својот руски врсник со пофалби и признанија во обид да добие поддршка против Западот, но безуспешно, информираат мароканските медиуми.

Алжирските владетели не успеваат да ги сфатат глобалните геополитички промени што се случуваат, кои водат до Нов светски поредок во кој Мароко се појавува како нова регионална сила.

Денес Алжир стана поизолиран од кога било. Тој е игнориран дури и од своите историски сојузници кои се повеќе се оддалечуваат од угнетувачката, неодговорна и корумпирана хунта, загрозувајќи ги регионалниот мир и стабилност.

Алжирскиот систем треба да ја научи лекцијата и да разбере дека нивната пропаганда и измама повеќе не функционираат и дека воената игра на Полисарио е осудена на неуспех.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин во петокот, на вториот самит Русија-Африка, изрази желба руско-мароканските односи дополнително да се зајакнат и да го продолжат моментумот започнат за време на посетата на кралот Мохамед VI на Русија во 2016 година.

Осврнувајќи се на прашањата поврзани со безбедноста на храната во Африка и ширум светот, Путин ги пофали „значајните мерки“ преземени од кралот Мохамед VI за намалување на глобалните тензии околу прехранбените производи.

Шефот на мароканската влада Азиз Ахануш, кој го претставуваше кралот Мохамед VI на Самитот, во своето обраќање на првата пленарна седница рече дека суверенот „прв ја истакна потребата за промена на пристапот кон африканскиот континент на дел од неговите традиционални партнери“.

Тој потсети дека оваа ориентација беше изразена во неколку наврати, особено во говорот што кралот го одржа на отворањето на економскиот форум Мароко-Брегот на Слоновата Коска во 2014 година.

Суверенот тогаш изјави дека на Африка „не и треба толку многу помош, колку што и требаат взаемно корисни партнерства. На Африка и требаат проекти за човечки и социјален развој многу повеќе отколку што ѝ треба хуманитарна помош“, пишуваат мароканските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ