четврток, 12 март 2026

Во Мексико киднапирани 14 полицајци, постои сомневање дека ги грабнал картел

Објавено на

часот

Сподели

Секретарот за безбедност и заштита на граѓаните во сојузната држава Чиапас во соопштение рече дека сите 14 полицајци се мажи и дека во тек е воздушна и копнена операција за нивно лоцирање.

Претставник на државната полиција, кој побара да не биде цитиран бидејќи не бил овластен да зборува со новинарите, рече дека полицајците патувале кон главниот град на Чиапас со камион за транспорт на персонал кога биле пресретнати од неколку камиони со вооружени лица.

Жените во возилото биле ослободени, а мажите се однесени, рекол службеникот.

Киднапирањето се случило на автопатот меѓу Окозокоаутла и Тукстла Гутиерез, пишува Еј-би-си.

Насилството во пограничниот регион на Мексико со Гватемала ескалира во последниве месеци поради територијалниот спор помеѓу картелот Синалоа – кој доминираше во областа – и картелот од нова генерација Халиско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ