Според новиот закон, казните на 176 осуденици на смрт, меѓу кои и шест жени, ќе бидат заменети со доживотен затвор.
„Гана ги поддржува уставните и основните човекови права на сите“, рече Енох Џенгре од Правниот центар во Гана. „Ниту едно човечко суштество или институција не треба да има право да одземе нечиј живот“.
Смртната казна е сè поретка на африканскиот континент. Според Светската коалиција против смртната казна, 26 африкански земји целосно ја забранија смртната казна.
Последната егзекуција во Гана беше во 1993 година.
Иако укинувањето на смртната казна има поддршка од групи за човекови права и експерти, не сите во Гана веруваат дека таа треба да се укине.
„Ќе поттикне некои луѓе да се впуштат во криминал знаејќи дека можат да завршат само во затвор“, рече социјалниот работник Рејмонд Куда.
Од друга страна, кривичниот адвокат од Акра, Френсис Гасу, кој потврди дека „населението општо прифатило дека смртната казна можеби не е корисна“, нагласи дека во прилог на укинувањето говорат судските грешки кои се премногу чести, а полициските истраги на кои се засноваат, се премногу дефицитарни за да се задржи таа казна.






