Според Вашингтон пост, супстанцата била откриена во неделата, а количеството на дрогата било мало.
Портпаролот на Тајната служба Ентони Гулиелми изјави дека, по откривањето на сомнителниот прашок, функционерите кои се наоѓале во Белата куќа биле накратко евакуирани.
„Истрагата е во тек и за причината и за начинот на влегувањето на супстанцата во Белата куќа“, кажа Гулиелми.
Тој истакна дека американскиот претседател Џо Бајден не бил во Белата куќа во тоа време.






