За трагедијата пишуваат Си-ен-ен, Би-би-си, Асошиејтед прес, Ројтерс и многу други. Се пренесување на информациите за убиецот и неговото семејство, жртвите и изјавите на политичарите, светските медиуми особено внимание посветуваат на ситуацијата со оружјето во регионот.
„Редок и веројатно досега невиден настан, во земја со строги закони за огненото оружје, но со високи нивоа на поседување оружје, предизвика шок во локалната заедница и пошироко.
Србија има високо ниво на поседувањето оружје по конфликтите во 1990-тите – студија од 2018 година покажа дека земјата има трето највисоко ниво на поседување оружје во светот и дека е изедначена со Црна Гора. Пред нив се само САД и Јемен.
Но земјата има строги закони за оружјето, што значи дека масовните пукања се исклучително ретки“, пишува Ројтерс.
A seventh-grade student launched a deadly attack at his school in Belgrade, Serbia, on Wednesday, shooting and killing eight children and a security guard. The assault shocked a country where gun ownership is high but gun violence is rare. https://t.co/a1Xhe6e6sh pic.twitter.com/Hu7nR4DmvQ
— The New York Times (@nytimes) May 3, 2023
Би-би-си исто така извести за пукањето наведувајќи дека најмалку девет лица се убиени во главниот град на Србија. „Видов деца како трчаат од училиштето и врескаат. Дојдоа родителите, беа во паника. Подоцна слушнав три истрели“, пренесува Би-би-си изјава на еден ученик.
Британскиот јавен сервис наведува дека масовните пукања се исклучително ретки во Србија, која има многу строги закони за оружјето, но поседувањето оружје е меѓу највисоките во Европа.
„Западниот Балкан е преплавен со стотици илјади парчиња нелегално оружје по војните и немирите во 1990-тите. Во 2019 година беше проценето дека во Србија на 100 жители има 39,1 парче огнено оружје“, пишува Би-би-си.
Асошиејтед прес пишува за трагедијата во Белград наведувајќи дека во последните години немало масовни пукања во училиштата на Западниот Балкан. Во последното масовно пукање ветеран на балканските војни во 2013 уби 13 луѓе во село во централна Србија, пишува АП.
„Експертите наведуваат дека децениската нестабилност која потекнува од конфликтите, како и постојаните економски тешкотии, би можеле да бидат причина за ваквите инциденти“, наведува американската агенција.






