понеделник, 15 декември 2025

Сведочењето на поранешната колумнистка: Трамп ме силуваше

Објавено на

часот

Сподели

„Тука сум затоа што Доналд Трамп ме силуваше. Кога пишував за тоа, лажеше дека не се случило. Лажеше и ја уништи мојата репутација. Тука сум за да се обидам да се вратам во својот живот“, кажа Џин Керол во федералниот суд на Менхетн.

Керол, поранешната колумнистка на магазинот Ел, бара отштета од Трамп, кој е водечки кандидат за претседателската номинација на Републиканската партија. Износот на отштетата не е познат.

Керол тврди дека го сретнала Трамп во стоковната куќа Бергдорф Гудман на Менхетн на крајот на 1995 или почетокот на 1996 година, дека ја повикал да оди со него во купување женска долна облека, и дека меѓусебно се задевале нешто да пробаат. Керол тврди дека завршиле во една од кабините за пресоблекување, дека Трамп ја турнал кон ѕидот и ја силувал, пред да успее да се ослободи и да побегне.

Трамп не присуствува на судењето, ниту е обврзан на тоа. Станува збор за граѓанска постапка која практично значи дека, без оглед на исходот, Трамп нема да оди во затвор.

Поранешниот американски претседател продолжи да ја критикува Керол на својата социјална мрежа, поради што судијата го предупреди дека би можел да се соочи со дополнителни правни проблеми ако продолжи да зборува за случајот.

„Дали некој верува дека тогаш речиси 60-годишна жена која не сум ја познавал сум ја внел во мала кабина од влезот на многу прометна стоковна куќа (а имајќи предвид дека сум, во најмала рака, многу познат)? Не врескала? Нема сведоци? Никој тоа не го видел?“, напиша Трамп.

Обвинувањата на колумнистката ги нарече „измама“ со порака дека станува збор за „лажна приказна и лов на вештерки“.

Поради објавата на Трамп, судијата на окружниот суд Луис Кеплан му кажал на правниот тим на Трамп, без присуство на поротата, дека поранешниот претседател „се обидува на својата „јавност“ и на поротата да им зборува за прашања за кои не би требало да зборува“.

Адвокатот на Трамп Џо Такопина му кажал на судијата дека ќе разговара со Трамп и од него ќе побара „да се воздржи од понатамошни објави за овој случај“.

„Ќе направам сè што можам“, кажа Такопина.

Керол го тужи Трамп за клевета откако ги отфрли нејзините обвинувања за силување во порака на својата социјална мрежа. Тужбата ја поднесе во рамки на њујоршкиот закон кој дозволува тужби и за сексуални престапи извршени пред повеќе децении.

Деветчлената порота, во која има шест мажи и три жени, треба да одлучи дали Трамп треба да плати отштета и колкава. Се очекува судењето да трае една до две недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ