среда, 10 декември 2025

Столтенберг: На самитот на НАТО Украина нема да добие официјална покана за членство

Објавено на

часот

Сподели

„На самитот во Вилнус, но и за време на подготовките за самитот, нема да разговараме за официјална покана“, им рече Столтенберг на новинарите по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека лидерите ќе разговараат како Украина да се приближи до членството во НАТО.

Генералниот секретар предупреди дека е против прифаќање на статусот на замрзнат конфликт во Украина.

„Сакаме крај на војната, но мирот не може да значи замрзнување на конфликтот и прифаќање на договор диктиран од Русија“, рече Столтенберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ