понеделник, 8 декември 2025

Силно невреме ја зафати Словенија, водениот порој носи сѐ пред себе (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во општина Медводе, поради големите врнежи, водотеците на подрачјето на целата општина поплавија повеќе објекти и површини. Се активираа и одрони, јавува Н1 Загреб.

Во Камник граѓаните биле информирани дека состојбата е многу сериозна и дека итните служби спасуваат животи.

„Доколку сте во опасност, повлечете се сами на безбедно, останете дома бидејќи сите патишта се непроодни“, соопштуваат од општината. Поради опасност од поплави и одрони, во Камник е прогласена општа опасност.

Пожарникарите од раните утрински часови се на терен во Мозирје, каде што реката Савиња се излеа од коритото.

„Правиме сѐ што можеме во дадената ситуација“, објавија локалните пожарникари на Фејсбук.

Од Противпожарната станица за Н1 велат дека состојбата е сериозна и дека работите ги решаваат според приоритети. Поплавено е и местото Мозирје.

Во местото Пољана поплавен е патот, а поројот бил толку силен што во еден момент однел автомобил во кој се наоѓала жена.

Поради силното невреме што ја зафати Словенија затворени се повеќе делови од патиштата и автопатите низ земјата.

На одредени делови од автопатот вонредно е дозволено возење без вињета, а затворени се и некои железнички линии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ