Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Европа направила две грешки од почетокот на војната во Украина. Првата е дека длабоко се вовлекла во политиката на санкции, а втората е дека не се откажала од ривалството со Соединетите Американски Држави за тоа кој ќе ѝ обезбеди поголема воена поддршка на Украина.
„Војната се води во Европа и со нејзините најлоши последици мораме да се соочиме тука. Европа влезе во исклучително опасна спирала“, рече тој.
Тој нагласи дека колку повеќе оружје ѝ се доставува на Украина, толку подолго ќе трае војната.
„А колку подолго трае војната, толку повеќе луѓе ќе умираат“, рече Сијарто.






