понеделник, 15 декември 2025

Шведската амбасада во Багдад запалена за време на демонстрации (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Извор на агенцијата рече дека нема повредени вработени во амбасадата, а официјални лица од шведската амбасада во Багдад допрва треба да го коментираат инцидентот.

Протестот бил организиран од приврзаници на шиитскиот свештеник Муктада Садр во пресрет на протестот во Шведска, каде било планирано да се запали копија од Куранот.

Се посочува дека вакви работи во минатото довеле до големи протести и осуди во земјите со мнозинско муслиманско население.

Некои видеа покажуваат чад што се издига од зграда во комплексот на амбасадата. Ројтерс истакнува дека не можеле самостојно да ја потврдат автентичноста на видеото.

Исто така, сѐ уште не е познато дали имало некој во амбасадата во моментот на нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ