недела, 15 јуни 2025

Шефот на Вагнер пак го нападна руското раководство: Тие се крадци

Објавено на

часот

Сподели

„Криминалната група не ни даде муниција“, вели Пригожин во аудиопораката на Телеграм, додавајќи дека неговите борци немаат муниција за да ѝ возвратат на украинската артилерија поради предавството на руските функционери, кои ги опиша како насилници.

„Мислам дека ова што се случува денес е злосторство против Русија и рускиот народ. Криминалците мора да одговараат. Но моите сили ќе напредуваат по секоја цена, само за да ја уништат украинската армија и да ја прекинат нејзината офанзива“, рече Пригожин, кој веќе во повеќе наврати го критикува руското воено раководство, а меѓу другите и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ