Освен тоа, Пичаи бил награден со 218 милиони долари за минатогодишната работа, а пакетот надоместоци содржел скоро 6 милиони долари за лично обезбедување. Просечната годишна исплата на вработените во Алфабет во 2022 година, пак, била 279.802 долари, така што надоместокот на извршниот директор бил за 808 пати поголем.
Другите извршни директори на Алфабет и Гугл заработиле приближно 22 до 35 милиони долари од годишни награди во облик на акции, покажа извештајот. Тој извештај беше објавен во време кога Алфабет почна со реструктурирање на своето работење, вклучувајќи и намалување на бројот на работниците за 12.000, кое почна во јануари и достигнува 6 отсто од вкупниот број вработени.
Финансиската директорка на Гугл, Рут Порат, во почетокот на април најави дека компанијата ќе постигне дополнителни заштеди со намалување на бројот на лаптопите и услугите. Патем, надоместоците на извршните директори станаа особено деликатна тема во технолошката индустрија, особено по бранот отпуштања во голем број компании.
Извршниот директор на Епл, Тим Кук, ги намали своите исплати за оваа година, откако ги разгневи вработените земајќи 100 милиони долари плата и надоместоци во последните две години.






