Густ чад извирал од кабината на кранот, покажуваат видео снимките. Несреќата се случила во реонот на 10 и 11 авенија и 41 и 42 улица во њујоршкиот кварт Менхетен, во близина на комплексот Хадсон Јардс, соопшти полицијата.
Crane completely collapses in New York City ??#NYC pic.twitter.com/rzil7z2XEi
— VIBES (@fashiotainment) July 26, 2023
Полицијата ги повика луѓето да ја напуштат областа. Околните улици се блокирани, а сообраќајот преку блискиот тунел Линколн кон Њу Џерси е отежнат.
Работник во кабината на кранот се обидел да го изгасне пожарот, но топлината го стопила кабелот што го држи кракот на кранот, поради што кранот паднал. Кранот се наоѓал на зграда од 45 ката во изградба и во тој момент превезувал 16 тони бетон.






