среда, 10 декември 2025

Руски воени авиони пресретнати над Балтикот, летале со исклучени транспондери

Објавено на

часот

Сподели

Тие биле пресретнати од еурофајтери на двата сојузници од НАТО, Велика Британија и Германија.

Како што соопшти германското воено воздухопловство, станува збор за два руски ловци сухој СУ-27 и еден авион од типот иљушин Ил-20. Идентификувани се со авиони на британското и германското воздухопловство, при што Германците на Твитер објавија и неколку фотографии од руските авиони направени во воздух.

Земјите на НАТО Естонија, Летонија и Литванија немаат сопствени борбени авиони, па од 2004 година оваа воена алијанса го обезбедува балтичкиот воздушен простор во североисточна Европа.

Сојузниците редовно распоредуваат борбени авиони и персонал во балтичките земји што граничат со Русија. Во почетокот на април, по осум месеци, германската војска ѝ ја предаде на Велика Британија командата на мисијата на НАТО за воздушно набљудување.

Сепак, германското воздухопловство ќе продолжи да ѝ помага на Британија до крајот на месецов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ