понеделник, 8 декември 2025

Русин осуден на година и пол затвор поради антивоени пораки: „Украино, прости ни!“

Објавено на

часот

Сподели

Првата кривична истрага против 48-годишникот започна во септември минатата година бидејќи на излогот на својата продавница истакнал пораки против офанзивата во Украина, објавија руските невладини организации ОВД-Инфо и Меморијал.

Во февруари против него беше покрената втора истрага затоа што држел плакат со натпис: „Украино, прости ни!“ Потоа бил приведен, а потоа префрлен во домашен притвор. Скурихин објави и видео на кое протестира против војната и Владимир Путин.

Таткото на пет ќерки систематски и бескомпромисно зазема став против војната неколку години, поради што беше изложен на притисоци и прогон, според Меморијал, кој го смета Скурихин за политички затвореник. Пред тоа, тој ѝ се спротивстави на руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година и изрази солидарност со опозицискиот лидер Алексеј Навални, што му предизвика проблеми со локалните власти и полицијата.

Русија со години се соочува со репресивен бран, но тој доби поголеми размери со почетокот на војната во Украина. Речиси сите истакнати претставници на опозицијата беа затворени или принудени да ја напуштат државата. И илјадници обични граѓани трпат прогон затоа што го осудија конфликтот. Според ОВД-инфо, во моментов во Русија се води кривична постапка против повеќе од 600 лица поради нивното противење на офанзивата во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ