Министерството соопшти дека ја смета одлуката на Русија за „акт на одмазда“, бидејќи 15 руски дипломати обвинети за шпионажа биле протерани од Норвешка овој месец.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало норвешкиот амбасадор во знак на протест против одлуката на Осло за протерување дипломати и дека ќе преземе други мерки како одговор на „непријателските акции“ на Норвешка.
Норвешка на 13 април објави дека Русите што ги протерала се осомничени за шпионажа.
Норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека „одлуката на Норвешка да прогласи 15 лица во руската амбасада за непожелни во Норвешка се засновува на фактот дека тие вршеле разузнавачки активности под превезот на дипломатијата“.