петок, 12 декември 2025

Русија: Откривме траги од експлозив на друг брод со жито

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението објавено на веб-страницата на ФСБ е соопштено дека бродот БМО Ривер, кој пловел меѓу турското пристаниште Синоп и рускиот град Ростов на Дон, добил наредба да ги напушти руските води.

ФСБ изјави дека овој брод влегол во украинското пристаниште Рени двапати во јуни и јули.

Ова е втора ваква објава неделава за странски брод кој оди во Русија по жито. ФСБ во понеделникот соопшти дека пронашла траги од експлозив на друг брод што патувал од Турција за Ростов на Дон.

Русија минатата недела се повлече од Црноморскиот договор за жито, кој ѝ дозволуваше на Украина да испорачува храна од своите јужни пристаништа и покрај војната, и рече дека сите бродови кои патуваат во Украина ќе ги смета дека потенцијално носат воен товар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ