среда, 10 декември 2025

Русија ја одби помошта од ОН, расте бројот на жртвите од поплавите по саботажата на браната

Објавено на

часот

Сподели

Од 6 јуни, кога браната беше оштетена и беше поплавена областа Херсон, окупирана од Русија, бројот на жртвите од поплавите се искачи на 52, додека 31 лице се сметаат за исчезнати. На територијата под руска контрола загинаа 35 лица, а на украинска страна 17. Повеќе од 11.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

ОН ја повикаа Русија да дејствува во согласност со нејзините обврски според меѓународното хуманитарно право.

„Не може да се спречи помошта од луѓето на кои им е потребна“, рече во официјалното соопштение координаторката на ОН за хуманитарна помош за Украина, Дениз Браун.

Украина ја обвини Москва за минирање на оваа брана од советската ера, која е под руска контрола уште од раните денови на минатогодишната инвазија. Русите ги негираат обвинувањата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ