петок, 12 декември 2025

Русија издаде потерница по уште еден хашки судија

Објавено на

часот

Сподели

Според Истражниот комитет, Томоко Акане е еден од судиите кои донеле „незаконска одлука за апсење“ на Путин.

Во мај, комитетот покрена обвиненија против обвинителите на Меѓународниот кривичен суд, Кан Карим Асад Ахмад и судијата Росарио Салваторе Аитала. Тие се ставени на потерница.

На 17 март Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лавов-Белова под обвинение за „незаконска депортација“ на украински деца.

Коментирајќи ја оваа одлука, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека Москва не ја признава јурисдикцијата на тој суд, пренесува Спутник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ