четврток, 12 март 2026

Расте бројот на мртвите во Краматорск, загинаа и три деца, повредено е бебе (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Повредени се 56 лица, меѓу кои и дете родено во 2022 година. Три лица се спасени од урнатините.

Вчера две руски ракети го погодија Краматорск, град во источна Украина, а едната падна врз ресторан во центарот на градот. Втората ракета падна врз блиската населба Биленке.

Гувернерот на источниот регион Доњецк изјави дека во ресторанот во моментот на нападот имало голем број цивили. Видеата покажуваат до кој степен е уништен ресторанот во центарот на Краматорск. Од пицеријата во Краматорск останаа само метални греди и урнатини, под кои сѐ уште се бараат жртви.

„Дотрчав овде по експлозијата затоа што тука изнајмив кафуле… Сè беше разнесено. Немаше ништо од стаклата, прозорците или вратите. Сè што гледам е уништување, страв и ужас. Ова е 21 век“, рече 64-годишната Валентина за Ројтерс.

На едно од видеата што се појавија на социјалните мрежи се гледа како маж со раскрвавена глава добива прва помош на улица. На други видеа може да се видат спасувачките тимови како влегуваат во урнатините со заштитна опрема.

Краматорск е голем град западно од линијата на фронтот во провинцијата Доњецк и веројатно клучна цел во секое руско напредување кон запад во обид да го заземат целиот регион. Градот беше честа цел на руски напади, вклучувајќи го и нападот на градската железничка станица во април 2022 година, во кој загинаа 63 лица.

Русија постојано демантира дека во својата „специјална воена операција“, како што ја нарекува инвазијата на Украина, напаѓа цивилни места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ