Пратениците на владејачката партија ФИДЕС-Унгарска граѓанска унија и нивните партнери ја бојкотираа седницата, поради што немаше кворум.
Како што се наведува, за усвојувањето на дневниот ред, во кој пратениците на опозицијата предложија да се вклучи прашањето на влезот на Шведска во Северноатлантската алијанса, немало доволно гласови. Состанокот, пренесуван на сајтот на парламентот, бил сведен на размена на мислења на опозициските пратеници за прашања од внатрешната и надворешната политика.
Унгарскиот парламент го заврши пролетното заседавање на 7 јули, меѓутоа претседателот Ласло Кевер беше принуден да свика вонредна седница бидејќи 49 опозициски пратеници се јавија со таква иницијатива. За ова по закон се потребни 40 пратеници. Истовремено ФИДЕС, која со демохристијаните има 135 од 199 пратеници, соопшти дека планира да го разгледува влезот на Шведска во НАТО дури на есен.
Унгарија, заедно со Турција, сè уште не ги ратификувала документите за влегување на Шведска во западниот воен пакт. Унгарските пратеници на 27 март го одобрија пристапување на Шведска во НАТО, но го одложија разгледувањето на пристапувањето на Шведска.
Финска и Шведска поднесоа пријави на 18 мај 2022 година, со оценка на нивните политичари дека на тој чекор ги поттикнал конфликтот во Украина.






