Рама на својот Твитер напиша дека, во случај ситуацијата да не се смири, големиот губитник ќе биде Приштина.
„Се плашам дека колку повеќе Курти инсистира да оди сам против сојузниците, ситуацијата ќе се влошува, враќајќи го Кфор на чело! А потоа, збогум на период од којзнае колку долго до формалната контрола на државата на целата територија, па потоа ќе уживаме во ‘републиката Кфор’ на северот на Косово. Аљбине, излези од самоизолацијата, не го губи северот гледајќи насекаде непријатели и предавници. Времето брзо минува“, додаде Рама.
„Колку подолго се држат тројцата полицајци уапсени во Србија, кои дури и ако ја поминале граничната линија не извршиле никакво кривично дело, се намалуваат шансите нашите билатерални односи да не се вратат неколку чекори назад! Ова може да биде недела на враќање на заладените односи меѓу нас, ако не бидат ослободени!“, напиша Рама на Твитер.
Тројца косовски полицајци беа уапсени кога ја преминале административната линија и влегле во централна Србија на 14 јуни.






