понеделник, 8 декември 2025

Повеќето Германци сакаат денот на поразот на нацистите да биде државен празник

Објавено на

часот

Сподели

Анкетата на Југов покажува дека 53 отсто од Германците сметаат дека е прикладно да се прогласи нов државен празник на 8 мај кога нацистичка Германија безусловно им се предаде на сојузниците. Истражувањето покажало и дека 27 отсто од анкетираните сметаат дека тоа би било „прилично“ или „многу“ прикладно.

Младите луѓе особено ја поддржуваат идејата Денот на победата над фашизмот да биде и германски државен празник и ја поддржале 61 отсто луѓе на возраст од 18 до 24 години. Нешто повеќе таа идеја ја поддржале граѓаните во поранешна Источна Германија и дека во прилог на тоа се изјасниле 57 отсто, додека во поранешна Западна Германија тој број е нешто помал и изнесува 51 отсто.

Левичарската политичка партија Ди линке повика 8 мај да се воспостави како германски празник со кој ќе се слават „ослободувањето и антифашизмот“. Бројни европски земји кои се бореле против нацистичка Германија веќе го слават германскиот пораз како национален празник, познат и како Ден на победата во Европа.

Германската војска капитулираше пред Советскиот Сојуз, САД, Британија и Франција нешто повеќе од една недела откако нацистичкиот лидер Адолф Хитлер извршил самоубиство во Берлин.

Агенцијата Југов го спровела репрезентативното истражување од 5 до 7 мај на 14.181 лице во Германија на возраст од 18 и повеќе години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ