Полска уапси уште еден осомничен член на руската шпионска мрежа, со што вкупниот број на уапсените во рамките на истрагата се искачи на 16, изјави денеска министерот за внатрешни работи Мариуш Камински.
„Агенцијата за внатрешна безбедност приведе уште едно лице осомничено за учество во руската шпионска мрежа. Белорусинот Михаил А. учествувал во извидување на воени објекти и пристаништа. Тој вршел и пропагандни активности за Русија. Тој е приведен“, рече Камински.






