Планот е неколку тенкови „абрамс“ да се испратат во Германија во август, каде ќе бидат поправени. Кога тој процес ќе заврши, првата серија тенкови ќе ѝ биде испорачана на Украина следниот месец.
Потенцијалните испораки во август и септември ја означуваат најконкретната предвидена временска рамка кога се очекува главниот американски борбен тенк да излезе на бојното поле. Претставници на Пентагон кажаа дека „амбрамс“ ќе биде во украински раце некаде на есен.
САД ги испраќаат постарите модели М1А1 наместо помодерната верзија А2, на која би ѝ била потребна една година да стигне до Украина.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден кажала дека сака да испрача повеќе оружје во Украина што е можно побрзо, за да помогне во офанзивата и долгорочно да ја зајакне одбраната.
Освен тенкови, САД сакаат да почнат со обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16 пред да ги испорачаат, веројатно до крајот на годината, пишува Политико.
Извори од Пентагон кажале за Политико дека САД планираат да испратат 31 тенк, колку за еден украински баталјон.
Пред украинските сили да почнат да ги користат тенковите, мора да завршат десетнеделен курс во Германија. Украинците би требало да завршат со обуката во август.






