среда, 10 декември 2025

Полицијата нашла 40 овци во стан во Ница (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Животните биле напикани во стан од 50 квадратни метри обложен со слама, јави денеска телевизијата Франс 3. Уапсени се двајца мажи во крвави маици.

Властите се сомневаат дека овците требало да бидат незаконски заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на принесувањето жртва.

Полицијата пронашла веќе заклана овца во станот, изјави општинскиот функционер Ентони Боре, кој и ги објави фотографиите на Твитер. Другите овци му биле предадени на одгледувачот.

Со цел да се спречи незаконско користење на празниот стан, здружението за домување поставило специјално обезбедена врата.

Службениците на криминалистичкиот оддел наишле на овците во неделата за време на операција во станбената зграда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ