среда, 16 јули 2025

Погребени 10 жртви на масовните убиства во Србија, илјадници луѓе се простија од нив (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Прва е погребана ќерката на легендарниот српски одбојкар и тренер Драган Кобиљски, која беше убиена во нападот на 13-годишниот ученик на основното училиште. Потресениот татко Драган Кобиљски во прегратка носеше кадифена играчка на својата ќерка.

„Крвта е семе од кое никнува живот. Родители, мора да продолжите да живеете, за доброто на вашето девојче, за да ја поддржите на нејзиниот пат до Христос. Ми кажаа дека спасила неколку животи, дека застанала меѓу убиецот и неговите соученици. И му кажала на тоа зло кое влегло во момчето: Зошто го прави ова, сопри. Сигурен сум дека ќе ја сретнеме таму горе и дека ќе сфатиме зошто ова се случи. Фала ти што нè браниш и што нè штитиш. Без смртта нема воскреснување. Има многумина што се прават херои, но многу малку вистински херои. Вие сте родители благословени што ја имате, нејзината жртва ќе ги промени нашите животи. Тогаш светот ќе биде поинаков“, кажал свештеникот на погребот.

Погребен е и омилениот портир Драган Влаховиќ, првата жртва на нападот. Непрегледна колона луѓе се прости од него. Меѓу присутните имаше голем број деца, млади и колеги, пријатели и соседи на убиениот чувар. Српските медиуми јавуваат дека на погребот имало повеќе од илјада луѓе.

Денес во Белград беа погребани и 14-годишната К.М, девојчето А.Д и девојчето М.А.

Погребани пет момчиња во Мало Орашје

На селските гробишта во Мало Орашје кај Смедерево беа погребани пет жртви на пукањето кое се случи еден ден по трагедијата во училиштето. Погребани се Марко М. (18), Александар М. (17), Н.М (15), Лазар М. (20) и Немања С. (21).

Стотици мештани се собраа кај црквата во Мало Орашје каде миса за убиените момчиња во злосторството кое го изврши Урош Б. служеа 10 свештеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ