понеделник, 15 декември 2025

Опасни маневри над Црно Море: руски „сухој“ пресретнал полски воен авион

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за одбрана на Романија соопшти дека „на 5 мај авион лет Л-410 турболет на полската гранична полиција, кој во соработка со романската гранична полиција вршел рутински мисии на патролирање за Фронтекс над Црно Море, во меѓународниот воздушен простор, бил пресретнат на 60 километри од романскиот воздушен простор од руски борбен авион сухој Су-35“.

Според нив, „агресивните и опасни маневри кои повеќе пати ги извршувал борбениот авион на Руската Федерација во близина на полскиот авион предизвикале турбуленции и големи тешкотии во контролирањето“.

Се наведува дека инцидентот личи на оној што се случи во март, кога руски Су-27 предизвика уривање на американски дрон ММ-9 „рипер“ над Црно Море.

„Како резултат на инцидентот, два борбени авиони на романското воено воздухопловство и два на шпанското воено воздухопловство во борбена служба на воздушната полиција биле ставени во готовност од страна на Комбинираниот центар за воздушни операции на НАТО во Торехон, спремни да интервенираат во секој момент. Меѓутоа, тие не полетаа“, се наведува во соопштението.

Екипажот на полскиот авион „постапил смирено и професионално во ситуација која неодговорно ја создал рускиот пилот, по почетното губење на висината предизвикано од маневрите на авионот Су-35, успевајќи безбедно да слета“.

Во инцидентот не бил повреден никој од екипажот на полскиот авион.

Романските власти со Фронтекс и полските власти работат на разјаснување на сите околности на овој инцидент.

„Агресивното однесување на воениот авион на Руската Федерација кон невооружено летало на мисија на Фронтекс за следење на миграцискиот ризик во Црно Море е целосно неприфатливо. Овој инцидент е уште еден доказ за провокативниот пристап на Русија во Црно Море“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ