Тука спаѓаат бомбашките напади во 1992 година во кои загинаа судиите против мафијата Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Судот го прифати барањето на јавниот обвинител на денот кога Италија ја одбележува 31-годишнината од бомбашкиот напад на Виа Д’Амелио во Палермо во кој беа убиени Борселино и пет членови од неговото обезбедување.
Шефот на Коза Ностра, кој беше во бегство 30 години, беше фатен во средината на јануари во клиниката за рак во Палермо. Тој сега се наоѓа во затворот со максимална безбедност во Аквила.
Покрај за атентатот на Борселино и Фалконе, Месина Денаро беше осуден и за убиството на 12-годишното момче Џузепе ди Матео. Во 1993 година, тој помогнал да се организира киднапирањето на 12-годишното момче за да го принудат неговиот татко да се откаже од сведочењето против мафијата. Го држеле момчето во заробеништво повеќе од две години (800 дена), потоа го задавиле и го раствориле неговото тело во киселина.
Покрај тоа, Месина Денаро е осуден и за бомбашки напади на верски и уметнички места во Милано, Рим и Фиренца во 1993 година, во кои загинаа 10 лица, а 40 беа повредени.






