четврток, 12 март 2026

Морето во јапонски град преку ноќ поцрвене (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На фотографиите и видеата на социјалните мрежи се гледа црвена вода како тече низ реките и пристаништето на градот Наго, на островот Окинава. Градот е познат по смарагдното море и песочните плажи.

Од локалната пиварница велат дека нема причина за грижа. Тврдат дека имало истекување во еден од нивните објекти и дека промената на бојата на морето не претставува опасност за луѓето и морскиот живот.

„Веруваме дека тоа е предизвикано од истекување на пропилен гликол – прехранбен додаток што се наоѓа во водата за ладење во фабричките згради. Веруваме дека разладната вода протекла во реката преку олукот за дождовница, предизвикувајќи морето да стане црвено“, објави пиварницата Орион.

Тие додадоа дека истекувањето било запрено денеска во 9:30 часот по локално време, иако портпаролот на јапонската крајбрежна стража за Си-ен-ен изјавил дека морската вода во близина на пиварницата сѐ уште е црвена.

Пропилен гликолот често се користи во прехранбената, козметичката и фармацевтската индустрија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ