петок, 12 декември 2025

Макрон предупредува на нов империјализам во Пацификот

Објавено на

часот

Сподели

Франција, која има островски територии што се протегаат на Индо-Пацификот, вклучително и Француска Полинезија, ги зајакна одбранбените врски со Индија и другите земји во регионот како дел од потезите за спротивставување на влијанието на Кина, објави Ројтерс.

Во говорот во Вануату, Макрон, првиот француски претседател кој стапнал на таа пацифичка островска држава по Шарл де Гол, рече дека Франција ќе работи „рамо до рамо“ со земјите во регионот за да ја зачуваат својата независност.

„Во Индо-Пацификот, особено во Океанија, се јавува империјализам и логика на моќ што го загрозува суверенитетот на многу земји, на најмалите и честопати најкревките“, рече Макрон, без да именува ниту една земја.

Современиот свет го тресе суверенитетот и независноста на Индо-пацификот, оцени тој.

По посетата на Вануату, Макрон вечерва треба да пристигне во Папуа Нова Гвинеја, која денеска ја посети американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Во мај, САД и Папуа Нова Гвинеја потпишаа договор за одбрана, кој ја поставува рамката за Вашингтон да ги обнови пристаништата и аеродромите во земјата за воена и цивилна употреба.

САД и нивните сојузници се обидуваат да ги одвратат нациите од пацифичките острови да воспостават безбедносни врски со Кина, соопшти агенцијата.

Советниците на Макрон велат дека Франција може да биде „алтернатива“ и да им помогне на островските држави да ги диверзифицираат своите партнерства за да не станат премногу зависни од една земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ