четврток, 12 март 2026

Лукашенко го раскажа разговорот со Путин и Пригожин: „Пцуевме 30 минути“

Објавено на

часот

Сподели

„Најопасната работа, колку што јас разбирам, не е каква била ситуацијата, туку како би можела да се развие и какви ќе бидат последиците“, рече Лукашенко, пренесуваат белоруските државни медиуми. „Исто така, разбрав дека е донесена остра одлука – да се уништи. Му предложив на Путин да не брза. ‘Ајде да разговараме со Пригожин, со неговите команданти’“.

„Слушај, Алекс, попусто е. Тој нема ни да ни крене телефон, не сака повеќе да зборува“, раскажа Лукашенко што наводно му рекол Путин.

Но Лукашенко вели дека успеал да стигне до шефот на Вагнер и, според неговото сведочење, го предупредил дека ќе биде „згмечен како инсект“ доколку трупите на Вагнер продолжат да напредуваат кон руската престолнина. „Разговаравме 30 минути пцуејќи. Исклучиво. Имаше 10 пати повеќе пцовки (подоцна ги анализирав) од нормалниот вокабулар“, додаде Лукашенко, опишувајќи ја својата интеракција со Пригожин.

„Се разбира, тој однапред се извини и почна сè да ми кажува користејќи ги тие груби зборови“, додал Лукашенко, пренесува Си-ен-ен.

Кремљ на Лукашенко му ги припиша заслугите дека помогнал да се деескалира ситуацијата, иако Путин и Пригожин не ја потврдија изјавата на белорускиот лидер за настаните во саботата. Лукашенко во вторникот рече дека Пригожин добил од него лични гаранции за безбедност, како и за безбедноста на неговите луѓе, со цел да го задуши бунтот во саботата вечерта.

„Во пет часот навечер ми се јави и ми рече: ‘Ги прифаќам сите ваши услови. Но… Што да правам? Ако застанеме – ќе нѐ уништат‘. Јас реков: ‘Нема. Ви гарантирам. Ќе го преземам тоа на себе‘“, се сеќава Лукашенко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ