„Рускиот претседател Владимир Владимирович Путин многупати кажа дека сме отворени за соработка. Но што се однесува на нашите поранешни западни партнери, не можеме да се потпреме на договори со нив, вклучувајќи ги и оние од правна природа. Тоа е еден вид ‘борба меѓу светови’“, рече тој во интервју за рускиот Канал 1.
„Воопшто немаше сериозни предлози од никого. Мислам на Западот“, рече Лавров во интервју чии делови беа објавени на официјалната веб-страница на министерството.
Според Лавров, колку подолго Украина и Западот го одложуваат мирното решение, толку ќе биде „потешко да се преговара“.
„Оние што одбиваат да преговараат, а тоа се целиот Запад и Украина, треба да разберат дека колку подолго го одложуваат мировното решение, толку потешко ќе биде да се преговара“, рече Лавров.
Како што истакна рускиот министер, Москва секогаш нагласувала дека е подготвена да ги разгледа сите сериозни предлози.
„Немаме видено такви предлози. Главно се шпекулира дека тоа е планот на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски и сега тие сакаат да свикаат некаков ‘мировен форум’ без учество на Русија“.
Според него, постои сомнеж дека многу земји испраќаат свои редовни војници во Украина под маската на платеници. „Има многу други примери (за западни војници против Русија), вклучително и примери поврзани со статусот на странците на украинска територија. Некои ги нарекуваат платеници. Постои сомнеж дека голем број земји испраќаат свои редовни војници таму под маската на платеници“, рече Лавров. Тој додаде дека има и „голем број“ странски експерти во Украина.






