четврток, 29 мај 2025
„Нема да долеваме масло на огнот“

Кинескиот претседател праќа делегација на преговори во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Според кинеските државни медиуми, Џинпинг за време на денешниот телефонски разговор му понудил на украинскиот претседател помош во мировните преговори. Гардијан наведува дека Џинпинг, исто така, ветил дека Кина ќе остане неутрална за време на конфликтот, велејќи дека Пекинг „нема да гледа на другата страна или да додава масло на огнот, а камоли да ја искористи кризата за профит“.

Зеленски на Твитер објави дека имал телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг за прв пат од почетокот на руската инвазија. Станува збор за разговор што Украина го бара долго време, а се шпекулираше уште од посетата на кинескиот претседател на Москва минатиот месец. Во тој период Зеленски испрати и покана до Си да ја посети Украина.

Кинезите нагласија дека телефонскиот разговор бил инициран од украинската страна.

„Имав долг и значаен телефонски разговор со претседателот Си Џинпинг. Верувам дека овој повик, како и назначувањето на украинскиот амбасадор во Кина, ќе дадат силен поттик за развојот на нашите билатерални односи“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ