петок, 12 декември 2025

Каменос: Без руските авиони Бе-200 нема да успееме, да наведнеме глава и да побараме помош, ќе ни ја дадат

Објавено на

часот

Сподели

„Без Бериев ништо не правиме. Да наведнеме глава и да побараме помош сега. Ќе ни ја дадат…“, напиша поранешниот министер на Твитер.

Но, поради ситуацијата во Украина, на руските авиони им е забрането да летаат над земјите од ЕУ, па без укинување на таа забрана, невозможно е Русија да се вклучи во спасувачките активности.

На грчкиот остров Родос пожарникарите веќе шест дена вложуваат натчовечки напори да ги изгаснат пожарите. Над 30.000 луѓе беа евакуирани, најмногу во историјата на Грција.

Во меѓувреме избувнаа пожари на островот Евија и Крф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ