среда, 10 декември 2025

Израелските војници убија тројца Палестинци на Западниот Брег

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од локални извори, израелските војници влегле во Џенин со десетици оклопни воени возила.

За време на рацијата на некои куќи биле распоредени и израелски снајперисти.

Како реакција на рацијата, дошло до судири меѓу палестинските жители и израелските војници.

Израелските сили ги гаѓале палестинските млади луѓе со боева муниција, гасни и звучни бомби.

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство се наведува дека во акцијата на израелските војници во Џенин загинале тројца Палестинци, а 29 се повредени.

Се додава дека петмина од повредените се во тешка состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ