Израелската армија соопшти дека вооружени Палестинци отвориле оган врз војници за време на операција за апсење на осомничени за тероризам, по што војниците возвратиле. Вкупно 17 Палестинци се уапсени во текот на ноќта на Западниот Брег. Тензиите со месеци се високи во Израел и Палестина, а Палестинците редовно се судираат со израелската армија на Западниот Брег. Армијата почесто спроведува рации таму откако се случија серија напади.
Во петокот 16-годишен Палестинец беше убиен за време на судирите со израелските војници во Витлеем. Армијата соопшти дека десетина Палестинци првично почнале да фрлаат камења врз војниците.
Речиси сто Палестинци се убиени од почетокот на годината, повеќето во израелски воени операции, а други во судири или во сопствени напади. Во нападите во истиот период загинаа 17 Израелци, Украинец и Италијанец.
Израел ги освои Западниот Брег и Источен Ерусалим во 1967 година, каде што сега живеат повеќе од 600.000 израелски доселеници. Сепак, Палестинците ги бараат овие области за независна држава Палестина со источен Ерусалим како главен град.






