среда, 10 декември 2025

Израел и Хамас постигнаа договор

Објавено на

часот

Сподели

Хамас се согласил да ослободи 50 жени и деца, додека Израел ќе ослободи 150 Палестинци што не се осудени за убиство.

Израелската влада синоќа го одобри договорот за ослободување на 50 заложници што ги држеше Хамас во замена за повеќедневен прекин на огнот.

Претставник на израелската влада на брифинг со новинарите рече дека се очекува како дел од договорот да бидат ослободени 50 израелски државјани, главно жени и деца, во групи од по 12-13 лица дневно.

Почетокот на договорената хуманитарна пауза ќе биде објавен во следните 24 часа, соопшти катарското Министерство за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ