„Неонацистичките и движењата на белата надмоќ брзо стануваат главна закана за внатрешната безбедност во многу земји. Кога станува збор за борбата против тероризмот, ние мора да се бориме како еден против оваа глобална закана“, рече Гутереш.
Тој предупреди на криминалните активности на тие движења, како што се перење пари, нелегално рударење, трговија со луѓе, оружје, дрога и антиквитети.
„Тероризмот се разгорува во сложените кризи што го зафаќаат нашиот свет“, изјави генералниот секретар на Обединетите нации.
Гутереш укажа и на проблемот со дискриминацијата и говорот на омраза во сајбер-просторот.
„Иако постигнавме некои значајни резултати во текот на годините, тероризмот и насилниот екстремизам продолжуваат да пуштаат корени и да растат“, рече тој.






