„Насилството врз жените и девојчињата е глобален предизвик за луѓето. Пандемијата на ковидот дополнително фрли светлина на ова прашање, барајќи итна акција на сите нивоа, секаде каде што е можно, од сите луѓе”, наведе Гутереш, пренесе сајтот на ООН.
Тој кажа дека во април апелирал меѓународната заедница да работи на окончување на насилството „еднаш засекогаш”.
„Истото го кажувам и денеска. Светската заедница мора да ги чуе гласот и искуствата на жените и на девојчињата и да ги сфати нивните потреби, особено на жртвите и на тие што се соочуваат со повеќекратните типови на дискриминација. Мораме да му дадеме приоритет на женското лидерство во решавањето на проблемите и да ги вклучиме мажите во борбата”, истакна Гутереш.
Генералниот секретар рече дека тие мерки не треба да се однесуваат само на периодот по насилството врз жените.
„Треба да се работи на тоа да се спречи да дојде до насилство”, кажа Гутереш и додаде дека треба да се крене одговорноста на извршителот на насилството.






