среда, 10 декември 2025

Голема истрага во Русија: кој не бил лојален и кој не му се спротивставил на Вагнер

Објавено на

часот

Сподели

Наводно, претставници на ФСБ се обидуваат да откријат кој не му бил верен и кој не му пружил отпор на Вагнер во самиот врв на воената команда.

Њујорк тајмс синоќа објави дека  генералот Сергеј Суровикин, заменик-командант на руските воени операции во Украина, знаел дека платеничкиот водач Јевгениј Пригожин планира бунт против московското воено раководство. 

Американскиот весник објави дека американските власти, исто така, рекле дека има знаци дека и други руски генерали можеби го поддржувале Пригожин. Сегашни и поранешни американски функционери велат дека Пригожин немало да го покрене својот бунт доколку не верувал дека други луѓе на моќни позиции ќе му помогнат.

Во Белорусија е потврдено дека шефот на платеничката група Вагнер, Јевгениј Пригожин, почнал да живее таму во егзил, откако во саботата водеше оружен бунт против руското воено раководство.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко посредуваше во договорот што му овозможи на Пригожин да се пресели во таа земја и да го прекине бунтот на своите борци.

Рускиот претседател ги нарече потезите на Вагнер предавнички, а руската служба за безбедност се откажа од гонење на оние што се вклучени во бунтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ