Терористичките групи како Исламската држава (ИД) и Ал Каеда имаат „лесен пристап“ во камповите во Тиндуф, нагласуваат медиумите во насловот „Терористичките групи во Африка: расадник за нападите во Европа?“
Исламистичките групи „се доста присутни во Африка и регрутираат во големите бегалски кампови. Тие користат конфликти во нивната интернет пропаганда, која стигнува дури до Баварија“, се истакнува во објавата.
Коавторите Сабрина Волф и Џозеф Ремел го наведуваат случајот на Исмаил, 38-годишен симпатизер на Полисарио без државјанство. Тој во мај бил осуден на две години затвор и пет години условна казна за „радикализација“ од страна на Националниот суд на правдата во Мадрид, се вели во објавата, истакнувајќи дека околу Исмаил е изградена цела мрежа за да се промовира џихадот застапуван од Исламската држава.

Шпанските медиуми открија дека Исмаил (чие вистинско име е Мони Ахмед Мерхаба), во неделите пред неговото апсење, секојдневно објавувал повици за џихад и мачеништво во видеа што самиот ги создал и дистрибуирал преку различни мобилни апликации.
Тој, исто така, ја изразил и својата поддршка на Исламската држава и својата омраза кон Шпанија, која ја опишува како „земја на измамници“.
Шпанските истражители ги открија блиските врски на Исмаил, инаку близок со поранешниот водач на Исламската држава и член на Полисарио, Абу Валид, со други поддржувачи на Исламската држава и открија мрежа од десетици членови на „Полисарио“ во камповите во Тиндуф, кои биле вклучени во активностите на Исламската држава во Сахара и Сахел.
Истрагите исто така открија и силна поддршка на „Полисарио“, кој ги контролира камповите во Тиндуф, зафатени од екстремистичката џихадистичка идеологија, на фејсбук профилот на Исмаил и неговите многубројни пријатели,
Германските медиуми цитираат неколку експерти, меѓу кои и Ханс Јакоб Шиндлер, виш директор на Проектот за борба против екстремизмот, меѓународна непрофитна организација која ја следи и оценува пропагандата на терористичките групи во Африка.
„Африка се повеќе станува жариште на исламистичкиот тероризам и од таму може да започнат напади“, истакнува тој, додавајќи дека е можно „луѓето од конфликтните региони во Европа да се инструментализираат, да се радикализираат и евентуално да се мотивираат да извршат напади“.
Шпанските власти и организацијата на поранешни разузнавачи ја анализираа пропагандната мрежа насочена околу Исмаил, истакнувајќи дека таа води кон Сирија, Шпанија и камповите во Тиндуф, Алжир, пренесува БР24.
Според поранешните разузнавачи со кои разговарала германската радио станица, повеќето фејсбук профили на мрежата не биле јавни: „Комуникацијата е многу ограничена, што значи дека тие ги користат нивните профили само за да се поврзат едни со други, а потоа се префрлаат на услугата за пораки Телеграм или други средства за комуникација“.
Судењето на Исмаил покажа дека тој користел и германски телефонски број за да го прикрие својот идентитет, се наведува во објавата.
„Една работа е сигурна: Федералната канцеларија за заштита на Уставот забележува дека Африка има централна улога во пропагандата“, забележува медиумот, посочувајќи дека Исламската држава ја прогласи Африка за „зона на емиграција и џихад“ во своето онлајн списание „Ал-Наба“ на 16 јуни 2022 година“.






