Податоците на Европската комисија покажуваат дека минатогодишниот европски увоз на руски гас од гасоводите изнесувал 62 милијарди кубни метри, што е 60 отсто под просекот од претходните пет години.
Во април, Газпром предупреди дека Европа ќе се мачи да го наполни складиштето на гас на минатогодишното ниво, откако континентот ја заврши зимската грејна сезона со релативно мали резерви.






