среда, 10 декември 2025

ФСБ покрена истрага против Пригожин

Објавено на

часот

Сподели

Пригожин ја обвини руската армија дека „ги уништува“ неговите борци, без целосно да го објасни своето обвинување и вети дека ќе го запре „злото“ на военото раководство.

„Претседателот Владимир Путин е информиран за развојот на настаните и се преземаат неопходните мерки“, објави новинската агенција Интерфакс, цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Пригожин рече дека неговиот повик за акција против руската армија не е воен удар, туку „марш за правда“.

„Ова не е воен удар“, рече Пригожин во серијата аудиоснимки објавени на Телеграм.

„Тоа е марш за правда. Нашите акции на ниту еден начин не ги попречуваат војниците“, рече Пригожин, пренесе Ројтерс.

Пригожин, исто така, го обвини рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека наредил 2.000 тела на борци Вагнер да се скријат во мртовечница во јужна Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ