понеделник, 8 декември 2025

Ердоган одржа огромен митинг во Истанбул, неговата партија соопшти дека дошле 1,7 милиони луѓе (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Медиумите во Турција пишуваат дека митингот е наречен „Големиот истанбулски состанок“ и е одржан на аеродромот Ататурк. Партијата на правдата и развојот на Ердоган соопшти дека на митингот присуствувале 1,7 милиони луѓе.

Ердоган порача дека неговата партија на 14 мај ќе победи некои опозициски кандидати и официјално ќе ги испрати во пензија. Потсети на достигнувањата на својата влада, која е на власт 21 година.

„Роден сум во Истанбул и бев градоначалник на овој град. Марширавме заедно до кабинетот на премиерот, а потоа и до претседателот. Истанбул денес вреска. Ќе испратиме во пензија некого на 15 мај. Според официјалните податоци, на овој собир има 1,7 милиони луѓе“, им кажа Ердоган на граѓаните.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ